Ова е вистински еликсир за здравјето

Сурутка е нус-производ на сирење и јогурт, во кој остануваат најдобрите и највредните состојки на млекото: витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери кои се важни за изградба на најважните клетки во мозокот.

Поради сите придобивки што ги има врз здравјето на луѓето, експертите препорачуваат конзумирање на половина до еден литар сурутка на ден. А тие предности се:

Помага за намалување на тежината

100 грама сурутка има само 26 калории. Таа содржи голем број на протеини и создава чувство на ситост. Сурутката е сиромашна со масти и калории.

Помага при опстипација

Сурутката има деуретски својства. Таа брзо ќе го стимулира варењето на храната и ублажи непријатното чувство на надуеност и тврда столица. Сепак, не претерувајте со консумирање, бидејќи тоа може да предизвика дијареа. Држете се на количина до еден литар дневно.

Лек за црниот дроб

Овој пијалок содржи и бета-лактоглобулин, која го снабдува телото со амино киселини – BCAA, кои помагаат во напредни заболување на црниот дроб, па на пациентите со цироза на црниот дроб им помага да живеат подолго и подобро.

Гради мускулна маса

Сурутката, особено онаа во прав, не само што ќе помогне да се изгради мускулната маса, исто така и помага во опоравување на мускулите после физички напор.

Регулира зголемени масти во крвта

Сурутката се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со покачени маснотии во крвта. По неколку недели редовна употреба, сами ќе бидете во можност да докажете преку сопствен пример.

Поттикнува среќа и го намалува заморот

Сурутката поттикнува лачењето на серотонин, хормонот на среќата, и го намалува чувството на стрес и хроничен замор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот