ОВА Е МОНСТРУМОТ КОЈ УБИ 12 ЛУЃЕ: Инженер од Вирџинија се одмазди заради отказ, избегнат поголем масакр (ВИДЕО)

Инженерот Дивејн Кредок (40) убил 12 лица во општинска зграда во Вирџинија Бич наводно затоа што неколку часа пред крвавиот масакр ја изгубил работата. Жртвите се бирани случајно, а судејќи по количината на оружјето кое убиецот го имал со себе, планиран е поголем масакр.

Четворица се ранети откако Кредок влегол во градската комунална служба и пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. Полицијата го убила напаѓачот, јавија светските агенции.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил наоружан со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата за време на пукањето.

Првата жртва е погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и „веднаш неселективно“ пукал кон сите.

-Напаѓачот потоа долго разменуваше оган со четворица полицајци во зградата, кои го спречија да направи „поголем масакр“, се наведува во соопштението од полицијата.

Во текот на интервенцијата еден полицаец е ранет, но панцирот му го спасил животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот