Отворени жиро – сметки за собирање средства за спас на РК Вардар

Во кординација со управата на РК Вардар, навивачите на „црвено-црните” отворија жиро сметки, денарска и девизна, на кои ќе можат да се донираат средства за клубот.

Ова доаѓа по најавата за заминувањето на Сергеј Самсоненко од Вардар.

Целта на иницијативата е скопскиот тим да не го загуби целосно реномето кое го градеше со години и да го сочува своето место помеѓу европските гиганти.

Ракометарите на Вардар ги очекува реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против унгарскиот првак ПИК Сегед. Вардарци имаат предност од осум голови по првиот натпревар. Натпреварот е на програмата в недела, на 5 мај, со почеток во 19:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот