Отворен патот за антикризниот пакет

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повлече амандманите на Законот за државјанство, а истото го најавуви и коалицијта Алијанса за Албанците и Алтернатива. Од таму за „Слободен печат“ најавија дека најверојатно денеска ќе ги повлечат илјадниците амандмани со кои ги блокираа законите од петиот пакет антикризни мерки.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави вчера дека целта на повлекувањето на нивните амандмани е конечно да се изгласа петиот пакет мерки за помош на граѓаните и стопанстото.

– Во време кога повеќе од 55 илјади граѓани се останати без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, власта покажува неодговорност и кон граѓаните и кон стопанството. Бидејќи Владата до предлагачот достави негативно мислење, а со недели Зоран Заев и други официјални лица на СДСМ даваат изјави за неприфаќање на текстот на законот кој е во процедура, ги повикуваме истиот веднаш да го стават на комисија, бидејќи нема деловнички пречки односно нема амандмани, да ја продолжат пленарната седница, и да се гласа за овој закон – изјави Мицевски.

Од коалицијта Алијанса на Албанците и Алтернатива велат дека и тие ќе го сторат истото и ќе ги повлечат амандманите од законите од петиот пакет антикризни мерки

– Откако ВМРО-ДПМНЕ го деблокраше Законот за државјанство со повлекување на амандманите и ние денес или утре ќе го сториме истото. Ќе ги повлечеме амандманите од петиот пакет антикризни мерки. Очекуваме Закон за државјанство да биде донесен со конзснензус бидејќи и тој закон е во интерес на граѓаните, без разлика на националната припадност – вели координаторот Скендер Реџепи.

Хелсиншкиот комитет за човекови права оцени вчера дека институциите треба да бидат поагилни во следните месеци и врз основа на постојните законски решенија да го решат проблемот за добивање државјанство на дел од граѓаните.

– Треба да се даде шанса на постојното законско регулирање и до истекот на рокот на 05 јуни 2021 година предвиден во Законот за странците и до истекот на рокот на 30 јуни 2021 година предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Се работи за временски период од три месеци во кој надлежни органи треба да покажат агилност и флексибилност во рамките кои ги пропишува законот, да воспостават предвидлива и воедначена пракса при што навремено ќе ги споделуваат сите релевантни информации до засегнатите лица и груп – се вели во заклучокот на Хелсиншкиот комитетет.

Доколу не се најде решение до истекот на рокот предвиден со постојните закони, тогаш треба да се донесе нова законска регулатива.

– Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, во согласност со меѓународните стандарди како и законодавството и праксата на Европската Унија – се вели во заклучокот.

Антикризните закони утре во Собранието на „брза лента“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот