Отворен ден на ЈО за студентите на Правниот факултет во Скопје

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го одржаа првиот Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите од Правниот факултет во Скопје.

Обвинителите Даниел Коцев, Наташа Гоџоска, Фатон Азизи и Наташа Сарамандова на виртуелната презентација ја претставија работата на Јавното обвинителство, но споделија и корисни информации за правата и обврските на граѓаните во кривичната постапка.

Ова е првиот од серија на настани кои Јавното обвинителство планира да ги одржи за приближување на работата на обвинителите до студентите и јавноста.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот