Отворен ден на Армијата на Воениот стадион во Скопје

Воени борбени возила на АРМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде организиран Отворен ден на Армијата, по повод одбележувањето на 4-годишнината од членството на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

На отворениот ден ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин.

На Воениот стадион ќе бидат изложени воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.

– Армиските припадници ќе ги запознаат граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериски единици и повеќе видови на воени возила, соопштија од Министерството за одбрана.

Меѓу изложените ќе бидат и најновите JLTV оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина – робот за пронаоѓање експлозивни направи.

– На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот