ОТКРИЕНО каде била сопругата, кога младоженецот ПАДНАЛ кон смртта

Фото: Фејсбук

Цел Нови Пазар веќе три дена е во шок откако дознале дека нивниот сограѓанин настрадал на медениот месец, а се уште се дебатира дали оваа несреќа настанала случајно или Самир Тузинац се одлучил на чекорот кој го донел до смрт, пренесува Еспресо.рс. Според семејната приказна, караница, сепак немало, а Самир настрадал додека неговата сопруга била во купатило.

Демантирана е приказната, која ја пренесоа некои турски медиуми, дека младоженецот имал расправија со својата сопруга, па потоа импулсивно скокнал од 6-ти спрат на хотелот.

Нови вести од Нови Пазар носи еден фамилијарен пријател. Како што тој напишал, сопругата се вратила дома, како и мајката на Самир, која инаку е угледна професорка во едно основно школо.

Трагедијата добро ја поднесуваат, а погребот, на кој се очекува многу народ, ќе биде утре.

Како што напишал пријателот, мајката рекла дека Самир паднал од терасата која била ниска, а обдукцијата ќе покаже дали се сплеткал или бил намерен чин.

– Прво паднал на металната тенда, која била само 2,5 метри под терасата. Паднал свртен со лицето надоле – прераскажува пријателот.

Познато е дека и со својата сопруга, со која се венчал само една недела порано, не се скарал.

– Пратил слика на фамилијата и покажуваше колку им е убаво во Турција. Сопругата влегла во купатило, а тој излегол на тераса. Кога таа излегла, прво помислила дека тој се сокрил од шега, но кога видела дека го нема, погледнала надоле и тогаш го видела – напишал семејниот пријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот