Откриена неексплодирана граната крај реката Луда Мара

Архива: Граната / Фото: МИА

Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната покрај кејот на реката Луда Мара, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Триесет и осумгодишниот кавадарчанец пронаоѓањето на неексплодираната граната од Прва светска војна, го пријавил во текот на вчерашниот ден.

Како што појасни Додевски, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Кавадарци,  утврдил дека се работи за неексплодирана артилериска граната (калибар 75 милиметри) од Првата  светска војна и таа била подигната за понатамошна постапка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот