Откорнат покривот на средното хемиско училиште (ФОТО)

Откорнати кровни конструкции, оштетени фасади на објекти, паднати дрвја, оштетени билборди и возила е билансот од силниот ветер што доцна синоќа дуваше во Скопје.

Силниот ветер кој синоќа дуваше со 100 километри на час го откорна покривот и на средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска, а булеварот Партизански одреди до 3 часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда.

Кровот на Хемиско е “реконструиран” во 2009 година, кога министер беше Никола Тодоров и тоа од страна на министерството. Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава, пишува Шилегов.

Во септември на социјалните мрежи градоначлникот Шилегов го промовираше новиот изглед на училиштетот претставувајќи го како нов стандард во образованието.

-Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, што богами, за фасадите од Ск 2014 не може да се рече- стои во постот на Шилегов.

Хемиско !!!#НовиСтандардиВоОбразованиетоLoading …#Скопје#ЧекорПоЧекор

Publiée par Петре Шилегов sur Lundi 9 septembre 2019

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот