Откажана е толку очекуваната автобиографија на Вуди Ален во САД зашто никој не сака да ја печати, во Европа излегува во април

Америка тешко простува. И затоа очекуваната автобиографија на Вуди Ален, „Apropos of Nothing“ нема да излезе во Соединетите држави. Во мемоарите култниот режисер раскажува за неговиот професионален и приватен живот.

Автобиографијата на Вуди Ален беше најавена со голема промоција да биде пуштена во продажба истовремено во САД и во Европа на 9-ти април, 2020. За европскиот пазар, продажбата е, за сега, сигурна.

Добар дел од причината за одбивање на оваа книга во САД е неговата посвоена ќерка Дилан Фароу која неодамна започна со сериозни напади на социјалните медиуми предизвикувајќи голема врева.

„Објавувањето на мемоарите на Вуди Ален од страна на „Хачет“ е длабоко шокантно за мене и тотално предавство за мојот брат, чија храбра истражувачка книга (Catch and Kill, н.з), објавена од „Хачет“, им даде глас на бројни преживеани од сексуално вознемирување од страна на моќни мажи“, пишуваше Дилан на Твитер.
По вревата на социјалните мрежи околу излегувањето на автобиографијата на Вуди Ален, вработените на издавачката куќа „Хачет“ исто така се побунија.
Најпосле се огласи и уредништвото на издавачката куќа објаснувајќи дека се сериозни и дека не е така лесно да откажат книга од нивни автор. Но дека, откако ги слушнале различните мислења и противењата на вработените, дошле до заклучок дека нема да бидат во можност да ја издадат автобиографијата.

Книгата веќе претрпе сериозно оспорување минатата година, кога беше одбиена од големите американски издавачки куќи. Протестот на вработените во „Хачет“ беше само последното поглавје на контроверзната и комплицирана приказна, која започна токму од обвиненијата против Ален и изолацијата што следуваше.

Сепак, мислењата на јавноста за издавање на книгата се поделени, земајќи предвид дека обвинувањата на Дилан Фароу против татка си никогаш не биле докажани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот