Основачите на „Бионтек“: Пандемијата ќе трае до средина на 2022 година

Фото: EPA-EFE/BERND VON JUTRCZENKA / POOL

Создавачите на првата вакцина одобрена на Западот рекоа дека наглиот пораст на новозаразени со ковид-19 во земјите во развој, како Индија, среде релативен недостаток на снабдување со вакцини, значи дека пандемијата ќе трае до средина на 2022 година.

„Властите заради итноста на ситуацијата треба да разгледаат мерки како што се мешање и совпаѓање на вакцините од различни производители“, рекле во вторникот основачите на Бионтек, а пренесува Вол Стрит Журнал.

„Мораме да обезбедиме големи стапки на вакцинација насекаде низ светот, инаку никој нема да биде безбеден“, рекол Угур Сахин, извршниот директор на „Бионтек“ и додаде дека пандемијата ќе престане дури кога низ целиот свет ќе се постигне колективен имунитет.

„Кон средината на 2022 година дури и регионите со голема густина на жители, како што е Индија ќе достигнат висока стапка на имунизација, а со тоа ќе постигнат и имунитет на стадо. Во следните 12 месеци заради зголемените производствени капацитети на моменталните компании и создавање на нови производни подрачја, ќе се видат поголем број на земји во развој и сиромашни земји кои ќе достигнат колективен имунитет“, рекол извршниот директор на „Бионтек“.

Сахин, кој ја основа компанијата со сопругата Озлем Туреци, рекол дека ја прошируваат соработката со повеќе од 30 компании за да произведат поголемо количество на вакцини за снабдување на држави како Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот