Османи на министерски состанок на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО

Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на редовниот состанокот на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што заради рестрикциите наметнати од пандемијата ќе се одржи преку видео врска.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, согласно дневниот ред, предвидено е на состанокот министрите за надворешни работи на земјите-членки да дискутираат за приоритетни прашања на  НАТО, како и актуелни предизвици со кои се соочува: состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.

Министрите ќе го разгледаат и Извештајот насловен „НАТО 2030″ што ги рефлектира стратешките потреби и предизвици за Алијансата во наредната декада, а предвидено е да бидат одобрени и неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија во рамки на НАТО.

Во рамките на состанокот, Османи ќе се обрати на првата работна сесија,  што ќе биде негов прв настап на Северно-атлантскиот Совет од стапувањето на должноста министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот