Османи како претседавач со ОБСЕ денеска ја започнува посетата на Централна Азија

Бујар Османи/Фото: МНР

Од денеска претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи е во посета на Централна Азија. Согласно агендата, посетата ја започнува во главниот град на Узбекистан, Ташкент.

Како што информираат од МНР, во Ташкент претседавачот со ОБСЕ ќе оствари средба со државниот врв.

Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов, ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан – соопштија од МНР.

Исто така, Османи ќе се сретне и со претседавачот на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева и со претставници на граѓанското општество.

Од Узбекистан, Османи ќе патува во Казахстан каде што исто така ќе има средби со официјалните државни лица, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан. Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вице-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации – се вели во најавата.

Од МНР додаваат дека регионот на Централна Азија е еден од приоритетите на ОБСЕ. Тие велат дека е регион кој постојано се соочува со предизвици, сега засилени и со влијаението од воената агресија од Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот