Османи: Кај нас погрешна беше прецепцијата дека работиме за датум, ние работевме за одлука

Како наша предност го истакна  фактот што веќе сме изоделе дел од патот и во Секретаријатот за европски прашања веќе има софтвер кои ги следи сите легислативи и директиви што треба да се хармонизираат во преговарачкиот процес.

Важна е политичката компонента, а тоа е одлука за почеток на преговорите, другото се технички аспекти од процесот. Кај нас цело време беше погрешна прецепцијата дека ние  работиме за датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Ние работевме за одлука. Ние 15 години немавме одлука за започнување на преговори, бидејќи претходно имавме вето од Грција, а потоа од Франција и од други земји, порача вечерва вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Има политичка волја кај 27-те земи-членки на Европската Унија  да се започне процесот на преговори со Република Северна Македонија. Откако ќе се донесе одлуката се дава мандат на Европската комисија да ја подготви преговарачката рамка во која земјите-членки ставаат елементи според нивните гледања и потоа повторно се утврдува од земјите-членки и се утврдува денот кога државната  делегација оди во Брисел и има состанок со владите на земјите-членки и формално го почнуваме процесот, појасни Османи во интервју за ТВ 24 вести.

Прочитајте и...  Државата како гарант: Бесими најави полесен пат за фирмите до кредити кај комерцијалните банки

Тој посочи дека денеска неколку министри од земјите-членки на ЕУ му се јавиле и му честитале за одлуката и му рекле дека ја чекаат само писмената потврда за процесот.

-Тука имаше конзесус на сите земји членки и се е под сенка на пандемија, но ова е историски момент. По сите одбивања, влеговме во последната фаза за ова членство. Имаше писмена забелешка како анекс од Бугарија, но без да има влијание и денеска разговарав со неколку министри кои ја чекале писмената потврда и ова прашање е затворено. Кај нас погрешна беше прецепцијата дека работиме за датум, ние работевме за одлука. Претходно имавме вето од Грција и од Франција и други земји, рече Османи.

Прочитајте и...  Отказ за советникот на Чулев кој пцуеше и навредуваше началник од Тетово

Како наша предност го истакна  фактот што веќе сме изоделе дел од патот и во Секретаријатот за европски прашања веќе има софтвер кои ги следи сите легислативи и директиви што треба да се хармонизираат во преговарачкиот процес. Треба да се хармонизираат 7.000 директиви во текот на преговарачкиот процес од кои веќе сме транспонирале 2.900.

-Третина веќе сме ги хармонизирале, односно веќе се во нашето законодавство. Ние не преговараме со Европската Унија зашто директивите се фиксни. Ние всушност преговараме со нашите чинители во општеството кога една директива влегува во сила во нашата земја и кога почнуваме да ја применуваме, потенцира Османи и додаде дека очекува доколку имаме брзо темпо на хармонизација за пет-шест години да ги завршиме преговорите за членство.

Прочитајте и...  МВР во акција за безбедност во сообраќајот: Санкционирани 513 возачи во Скопје, 148 за пречекорена брзина

Прочитај повеќе

Хафтар: Ќе ги отвориме нафтените полиња за да ја обезбедиме иднината на Либија

Слободен печат

Советот за човекови права на ОН усвои Резолуција за Белорусија

Слободен печат

Германското МНР за бугарскиот меморандум- историјата нека им остане на историчарите

Слободен печат

Димитров: Бугарија во членот 2 од Договорот за пријателство има обврска да ни помага во процесот на европска интеграција

Слободен печат

Ковачев: Гоце Делчев е на Македонија, никој не сака да и го земе, тој е и на Бугарија

Слободен печат

Над 13 илјади заразени во еден ден во Франција, во Париз заразата се шири најбрзо

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Атина „цвета“ короната, 40 отсто од вработените ќе работат од дома, се откажуваат концерти и кино проекции

Слободен печат

Претседателот на Гватемала заразен со ковид-19

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски и неговиот шеф се криминалци

Две брачни двојки пријавиле 1.200 лажни бремености, од француските власти извлекле близу два милиони евра

Слободен печат

Џонсон: Доаѓа втор бран, се плашам дека е неизбежен

Османи: Нема да дозволам сопки и емоции да влијаат на патот кон ЕУ, верувајте во тоа

Слободен печат