Османи: Да покажеме единство во осудата на агресијата и поддршка на Украина

Бујар Османи, министер за надворешни работи/Фото: МИА

Одржувањето на НАТО-министерски состанок во Букурешт, за нас има и друга симболика – во 2018 тука чекавме да станеме членка на НАТО, а денеска доаѓаме како членка, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи пред почетокот на состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, кој се одржува денеска и утре во Букурешт.

– Симболиката дека се одржува НАТО- министерски состанок во Букурешт значи дека НАТО испраќа силна порака дека регионот на Црното море е од стратешки интерес на Алијансата. Пораката е да покажеме единство, кохезија  во делот на осудување на агресијата, во практичната поддршка на Украина, но се разбира и во засилување на капацитетите во одбрана на источното крило на НАТО каде што припаѓаме и ние, рече Османи.

Министерот потенцира дека ние не само што покажавме дека сме партнери во кои може да се има доверба, туку покажавме и апсолутна недвосмисленост во однос на осудата на агресијата и поддршката за Украина.

На новинарско прашање зошто Косово не учествува на овој НАТО-министерски состанок, Османи рече дека на оваа средба се повикани земјите кои во моментов се најранливи на руското влијание. Посочи дека Северна Македонија го поддржува зачленувањето на Косово во НАТО.

– Овој пат тие земји се Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина. Но, се разбира, ја поддржуваме кандидатурата на Косово за членство во НАТО. На оваа средба се повикани земјите кои во моментов се најранливи на руско влијание, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот