Османи: Бучковски наредната недела заминува во Софија

Денеска имаше демант од холандската амбасада, а и холандскиот министер за надворешни работи во парламентот ја потврди нивната поддршка кон нас која е недвојбена, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи откако во бугарските медиуми се појави информација дека Данска и Холандија се приклучиле кон ветото на Софија. Тој нагласи дека несогласување за преговарачката рамка има единствено Бугарија.

Одговарајќи на новинарските прашања, Османи откри дека наскоро специјалниот претставник Владимир Бучковски ќе започне да остварува средби во Софија.

– Предлогот за специјален претставник да е Владимир Бучковски беше мој, на МНР заедно со премиерот, со цел да се врати довербата во Договорот меѓу двете земји, во услови кога немаме амбасадор во Софија. Тоа е порака дека сме сериозно посветени на билатералните односи и Бучковски треба наредната недела да отпатува во Софија, изјави Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот