Ослободен капетанот осомничен за бродската несреќа во Будимпешта

Капетанот на патничкиот брод за крстарење по Дунав, Украинецот Јуриј Ц. осомничен за бродската несреќа во која загинаа 25 луѓе е пуштен на слобода со кауција, соопшти судот во Будимпешта.

Главниот градски суд соопшти дека украинскиот капетан кој се сомничи како одговорен за судирот на бродови на Дунав не смее да ја напушти Будимпешта, мора да носи електронски апарат за следење и двапати неделно да се јавува во судот, пренесе АП.

Крузерот „ Vajking Sigin”, со кој управуваше украинскиот капетан се судри со мал туристички брод за разгледување  на 29 мај кај мостот Маргит во близина на унгарскиот парламент.

Во несреќата загинаа 25 лица, 23 државјани на Јужна Кореја и двајца Унгарци членови на екипажот. Како исчезнати се уште се водат уште тројца Јужнокорејци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот