Оскаровецот Куба Гудинг Џуниор се спогоди со жената која го обвини за силување

Фото: David Dee Delgado/ Getty images/ Profimedia

Актерот Куба Гудинг Џуниор се спогоди со неименувата жена, која го обвини дека ја силувал во хотелска соба во Њујорк во 2013 година, пренесува „Би-би-си“.

Имено, веста за спогодбата се објави кога требаше да започне изборот на поротата за федералното граѓанско судење, на кое се очекуваше лош исход за актерот.

Познатиот актер тврди дека сите интеракции со споменатата жена биле со нејзино одобрување. Тој бил обвинет за сексуално малтретирање од неколку жени, а минатата година се изјасни за виновен по обвинението дека бакнал жена без нејзина согласност.

Инаку, со оваа спогодба, оскаровецот избегна судење во кое се очекуваше да бидат вклучени и сведочењата на уште три жени, кои наводно сексуално ги малтретирал меѓу 2009 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот