Oрео чискејк

Состојки:

– 150 г орео бисквити
– 80 г путер
– 300 мл слатка павлака
– 400 г маскарпоне или друго крем-сирење
– 5 лажици шеќер во прав
– 50 г ситно сечкани орео бисквити за кремот
– 50 г мелени орео бисквити за посипување

ПОДГОТОВКА

Сомелете ги орео бисквитите, додајте го путерот и добро измешајте. Смесата префрлете ја во калап за торта, израмнете со шпатула или некоја друга алатка. Потоа во сад ставете ја слатката павлака и матете додека добиете шлаг. Во друг сад изматете го крем-сирењето со прав шеќерот. Во смесата додајте ги сечканите орео бисквити и измешајте. Кремот префрлете го во калапот и измазнете да се порамни филот. На крај тортата посипете ја со мелените орео бисквити и оставете да се стегне во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот