Општински пратеник во Топола се самозапалил пред полициска станица, не успеал да освои гласови за реизбор

принтскрин ФБ

Советникот во собранието на општина Топола Д.М.(53) околу четири часа по полноќ се полил со бензин пред полициската станица, а потоа се самозапалил.

Според полицијата Д.М. во видно алкохолизирана состојба околу часот по полноќ дошол пред полициската станица и започнал да ги навредува полицајците. Подцна откако легнал на коловозот се полил со бензин и се замозапалил.

Веднаш бил префллен во болницата во Крагуевац, каде според последните информации , е во тешка здравствена состојба и е витално загрозен.

Засега не се познати причините за неговото самозапалување
Според неговиот колега пратеник во градското собрание од редовите на владеачката Српска напредна странка се работи за душевно растројство искомбинирано од дејство на алкохол.

Драган Јовановиќ, пратеникот на Српската напредна странка во тој град, на својот Фејсбук профил објави фотографии од местото на настанот, како и информации за се што се случило.

„Почитувани пријатели, утрово во раните утрински часови се случи трагедија во која Д.М, советник во собранието на општина Топола, се обиде да си го одземе животот со самозапалување во преминот зад полициска станица и центар за социјални работи Трагедијата се случила утрово околу четири часа.Според неофицијални информации во полициската станица во Топола доброволно и во видно алкохолизирана состојба и во нервен слом дошол советникот Д.М и ги навредувал полицајците, а по неколку часа лежеше на овој простор, што можете да го видите на фотографиите од утрово, го направи тоа што го направи“, напиша Јовановиќ.

Како што додаде, на патеката и тревникот се уште се видливи траги од се што се случи.

„За жал, кафеаната и алкохолот направија трагедија. Нејасно ми е зошто пријателите и колегите кога ја видоа неговата состојба не го однесоа дома, но тоа е за друга анализа. На неодамна одржаните избори за совет на месната заедница во село Крчевац кандидат бил Д.М., но не освоил доволно гласови за да стане член на совет,  се вели во објавениот ФБ статус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот