Општината ќе дава награди за најубаво украсени дворови и тераси во Гази Баба

Фото: Општина Гази Баба

Општина Гази Баба ќе додели парични награди за граѓаните, образовни институции и фирмите кои имаат најубаво украсени дворови, тераси, заеднички простор пред зграда, простор пред стопански објекти, градинки и основни училишта.

Градоначалникот Бобан Стефковски ги повика жителите од Гази Баба заеднички да го разубават просторот во кој живеат и работат и на тој начин да дадат свој придонес во новогодишното украсување.

Пријавувањето може да ге направи на телефонските броеви 02 321 2886; 078 311 317 или лично во Општината, најдоцна до 23 декември до 16 часот. Потоа, сите пријавени ќе ги посети Комисија од Општината на 25 декекември по 17 часот.

Викендов новогодишно беше украсен плоштадот во Автокоманда.

 Голем број на светилки и новогодишна елка од вечерва го красат нашиот плоштад! Украсувањето го извршивме со поддршка на една општествено одговорна компанија од нашата територија – информира Стефковски.

Тој најави голем детски настан во пресрет на празниците, кој ќе се случи следниот викенд покрај новогодишната елка на плоштадот во Автокоманда, кога Дедо Мраз  на секое присутно дете ќе му подели новогодишно пакетче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот