Општина Ново Село ќе гради канализациски систем во село Сушица

SAMSUNG DVC PICTURES

Со средства во износ од 660 илјади евра, обезбедени од Владата преку „ТАВ Македонија”, Општина Ново Село ќе почне изградба на фекален канализациски систем во селото Сушица.

Како што информираат од локалната самоуправа, веќе се почнати подготвителните работи и избор на економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи.

– Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност на сите домаќинства и институции во ова село. Изградбата на фекален канализациски систем во Сушица, покрај изградбата на водоводната мрежа, ќе има позитивно влијание врз квалитетот на животот на локалното население и ќе креира услови за економски развој, додаваат во информацијата од Општината.

Покрај изградбата на канализациски систем во селото Сушица, Општина Ново Село очекува во наредните месеци да се обезбедат средства за реализирање на инфрастурктурни проекти и во други населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот