Општина Битола ангажира 15 курири на определено време

Фото: МИА.мк

Општина Битола објави јавен повик за ангажирање на 15 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните.

Работното ангажирање ќе биде за период април/јуни, а куририте ќе добиваат надоместок по учинок – 17 денари за решение и 3 денари за покана, велат од општината. Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 28.02.2023 год. Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола, булевар „1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот