Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари за украинскиот народ

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина.

Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија.

-Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина. Упатуваме осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век. Токму затоа, со одлука на Советот, Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија. Општина Аеродром ја покажува солидарноста на дело и во рамките на своите можности ги помага сите оние на кои им е најпотребно – информираат од оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот