Опра остро негира дека влијаела врз одлуката на Хари и Меган да го напуштат кралството

Познатата водителка ги негираше гласините во медиумите.

Во краткото интервју за магазинот „People“, Винфри го истакна фактот дека на Хари и Меган не им е потребна помош да одлучат што е најдобро за нив и нивното семејство.

Одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се повлечат од кралските должности и да продолжат да живеат нормален живот го шокираше целиот свет, а многумина веруваат дека на овој чекор ги поттикнала славната водителка Опра Винфри, која, сепак, остро ги негираше овие гласини.

„Се грижам за двајцата и ја поддржувам секоја одлука што ја носат“, рече познатата водителка откако нејзиното име се појави на насловните страници на многу таблоиди кои тврдеа дека таа е одговорна за повлекувањето на Хари и Меган од кралските должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот