Опколете ја Русија, соборете го Путин и преземете ја енергијата: Како Русите ја гледаат кризата во Украина?

Владимир Зеленски, Владимир Путин / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Бројни западни лидери со недели разговараат за планот и акцијата што ќе се спроведат доколку Русија навистина ја нападне Украина. Војниците се подготвени, оружјето е репетирано, Украинците во секој момент очекуваат инвазија, но Русите имаат сосема поинаква слика за ситуацијата.

Руска полиција во центарот на Москва / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

На државната телевизија во Москва можете да видите снимки од пукање на војници и тенкови, бодликава жица и снајперисти, но во ова сценарио не се руските сили, туку подготвени за напад се силите на НАТО.

Според алтернативните медиуми во земјата, силите на НАТО спроведуваат акција планирана со години: да ја опколат Русија, да го соборат претседателот Владимир Путин и да ја преземат контролата врз руските енергетски ресурси.

украина русија мапа
Графика: Слободен печат. – Иван Самарџиев

 Москва смета дека Украина е  пропадната држава која е целосно контролирана од „господарот на марионетите“  како пто ги нарекуваат – САД. 

Европа е слаба и поделена и добива наредби од Вашингтон. Дури и Соединетите Американски Држави, колку и да се силни на некој начин, сè уште се слаби и растргнати од политички поделби и расни немири.

Една од загатките на оваа пропаганда е прашањето – како може некој во исто време да биде и закана и послаба страна?

Водечката политичко информативна програма на руската државна телевизија „Вести на неделата“ започнува со најава на водителот во која тој констатира.

– „Наместо да одговорат на мирните иницијативи на Кремљ, тие не закопуваат со обвинувања и нови закани“.

Секое навестување за несогласување меѓу Европа и САД или НАТО е главната вест во Русија, а еден од фокусите на емисијата „Вести на неделата“ беа коментарите на началникот на германската морнарица дека Путин „заслужува почит“ и дека „ Крим засекогаш го нема“.

Војници без обележја стражарат во Симферопол на Крим во 2014 година/Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Изјавите на американската влада беа отфрлени како непотребни коментари, при што портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, го обвини Вашингтон за „информативна хистерија“, „лаги“ и „и невистини“, а во јавност често се прикажува и географската карта на која се гледа Белорусија чии граници се опкружени од силите на НАТО. Прикажувањето на овие карти е воедно и одговор на западноте медиуми секојдневно ја прикажуваат картата на Украина опкружена со руски војници.

Русите им веруваат на медиумите

Се чини дека има медиумски мрак ефект. Декемвриска анкета на невладина организација за истражување на јавното мислење и социолошко истражување покажа дека половина од испитаниците ги обвинуваат САД и НАТО за тензиите, додека само три до четири проценти ја обвинуваат Русија.

Анкетата покажа дека повеќе од половина од Русите веруваат дека кризата во Украина нема да ескалира во војна , а повеќе од една третина (39 отсто) велат дека мислат дека војната е „неизбежна“ или „многу веројатна“. Четвртина од испитаниците изјавиле дека сметаат дека е можна војна меѓу Русија и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот