Оневозможен поштенскиот сообраќај по копно

Мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид -19 доведоа до распространето нарушување на меѓународните поштенски услуги.

Поради затворањето на границите размената на пошта со Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија, Србија и Турција по копнен пат е оневозможена, а меѓународната пошта по авионски пат и натаму е во прекин поради затворените аеродроми, се вели во денешното соопштение на Пошти на РСМ.

Порани ваквата ситуација во земјава има привремен прекин во прием на пратки од меѓународен сообраќај за сите држави.

Според податоците на Светскиот поштенски сојуз, специјализираната Агенција на ОН за поштенски прашања, мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид -19 доведоа до распространето нарушување на меѓународните поштенски услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот