ОН: Итно се потребни 2,4 милијарди долари помош за Јемен

Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок упати апел дека се итно потребни 2,4 милијарди долари за помош на милиони луѓе во Јемен, со цел да се изборат со војната и епидемијата на новиот коронавирус.

Тој вчера на брифинг предупреди дека програмите за Јемен се намалуваат, а ситуацијата е „алармантна”.

Агенциите на ОН и хуманитарните организации објавија заедничко соопштение во кое се наведува дека Ковид-19 многу брзо се шири во земјата, која веќе се соочува со голема хуманитарна криза.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор предупреди дека на повеќе од 12 милиони деца во Јемен им е неопходна хуманитарна помош.

– Речиси половина милион деца имаат потреба од лекување поради тешката акутна недохранетост и им се заканува смрт доколку не добијат итна нега, нагласи Фор.

Прочитајте и...  Минималната плата за јули зголемена за 434 денари

Во Јемен од 2015 година војуваат јеменските безбедносни сили кои имаат поддршка од арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, и шиитските бунтовници поддржани од Иран.

Јемен, каде поради војната е уништен здравствениот систем, претходно бил погоден од епидемија на колера и денга треска.

Прочитај повеќе

Јанушев: Ветинг за политичарите и судиите – Ние Груевски ниту сме го избркале, ниту планираме да враќаме некого (ВИДЕО)

Слободен печат

Израел усвои вонреден закон за борба против новиот бран на коронавирусот

Слободен печат

Реновирани двете гинеколошки операциони сали во болницата во Чаир, почната е гасификација на котелот за парно греење

Слободен печат

Атанасов од АХВ: Граѓаните кои се сомневаат дека имаат труење со храна веднаш да пријават, за да се излезе на терен и да се земат примероци (ВИДЕО)

Слободен печат

Француските научници заклучија: Сезонските коронавируси не ги штитат децата од Ковид-19

Слободен печат

Турција спречи обид за шверцување на 276 мигранти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Загрижувачка ситуација за 74.000 вработени: Намалена потрошувачката на сладолед во Италија

Слободен печат

СЗО го разгледуваат отвореното писмо од научниците за нови препораки за заштита од коронавирус

Слободен печат

Градоначалничката на Атланта е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Слободен печат

Британската амбасадорка во Црна Гора запрепастена: Минувач намерно кашлаше во нас

Слободен печат

Заев: Забегуваат политичарите после два мандати, долгото седење во власта направи богови од ДУИ (ВИДЕО)

Слободен печат