ОЈО Скопје за инцидентот во „Трибека“: Истражна постапка против две лица од Скопје за кои е предложен притвор

Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лица од Скопје, на возраст од 19 и 28 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“ од член 386, став 6, во врска со став 3, во врска со став 1, од Кривичниот законик.

– Осомничените на 20 февруари 2021 година, околу 19:30 часот, во просториите на угостителскиот објект „Трибека“ во Скопје, заедно во група ги малтретирале, грубо навредиле и ја загрозиле сигурноста на две лица. Воедно, во јавноста предизвикале чувство на несигурност, на загрозување и на страв. Осомничените, заедно со еден од оштетените, влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи. Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите, започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект, се вели во соопштението на ЈО.

Во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор за осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот