Охриѓанката Маја пронајдена со прострелна рана во главата, МНР ќе помогне околу транспортот на посмртните останки

Фото: Инстаграм

Министерството за надворешни работи соопшти дека, по добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, тие стапиле во контакт со надлежните органи на земјата преку надлежната Амбасадата во Каиро, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

„Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“, известуваат од Министерството.

„Њуз 24“: Маја понекогаш се плашеше за својот живот

Познатата шминкерка и бизнисменка Маја Јанеска почина од прострелна рана во главата, потврди полицијата, а пренесе порталот „Њуз 24“.

Полицијата соопшти дека отворила увид во врска со смртта на Јанеска, што значи, во оваа фаза, дека тоа не се третира како сомнителнa од органите на прогонот.

„Полицијата добила повик за лице кое, наводно, се самоубило во ‘Bassonia Estate’. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Брзата помош констатирала смрт“, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)


Имено, Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, содиректор на компанијата за цигари „Карнилинкс“. „Њуз 24“ дознава од блиски извори дека Филипс бил присутен во куќата во моментот на нејзината смрт и дека веднаш се упатил во собата каде што била пронајдена.

Поранешната сопруга на Филипс, Трејси вели дека тој е „уништен и шокиран од оваа трагедија“. Таа изјави дека тој „ќе соработува со истрагата“.

Смртта на популарната македонската инфлуенсерка го остави во тага нејзиното семејство во Македонија, како и нејзините пријатели во Јужна Африка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)


Нејзин роднина, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести.

„Нашите телефони не престанаа да ѕвонат, сето ова е ново за нас. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Маја лежи таму во некоја мртовечница, а ние немаме поим што се случува“, вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)


Според нејзиниот роднина, семејството на Јанеска дознало за нејзината смрт преку еден од поранешните соработници на Филипс, кој им се јавил да им каже дека нејзиното тело е пронајдено, а дека самоубиството е сомнителна причина за нејзината смрт.

„Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче имаше мажи кои работеа за него, а таа се плашеше од нив. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот