Официјално: Прандели не е повеќе тренер на Фиорентина

epa09072481 Fiorentina's coach Cesare Prandelli looks on prior to the Italian Serie A soccer match Benevento Calcio vs ACF Fiorentina at Ciro Vigorito stadium in Benevento, Italy, 13 March 2021. EPA-EFE/MARIO TADDEO

Чезаре Прандели ја напушти клупата на „виолетовите“, потврди денеска клубот од Фиренца..Како што е објавено, тој поднесе оставка на функцијата тренер на која дојде во ноември минатата година.

– Фиорентина може да потврди дека Чезаре Прандели поднесе оставка на местото тренер на клубот кој со голема тага ја прифати одлуката – стои во соопштението.

Под негово водство екипата забележа шест победи, исто толку нерешени и 11 порази за моментно 14 место на табелата во шампионатот со 29 бодови.

– Ова е вторпат да ја напуштам Фиорентина. Првиот пат не беше моја одлука, но овој пат беше. Во животот, покрај добрите времиња, има и темни моменти кои можат да ве срушат. Поминав низ период на постојано нарушување што ме спречуваше да бидам она што сум навистина. Ова искуство го започнав со радост и љубов, поттикнато од ентузијазмот на новите сопственици. Можно е мојата љубов кон градот и сеќавањата на одличните моменти кои ги доживеав овде, да ме направи слеп за раните знаци дека нешто не е во ред внатре.

Мојата одлука беше водена од огромната одговорност што ја имам кон играчите, клубот и – последно, но не и најмалку важно – кон навивачите на Фиорентина, кои многу ги почитувам – се зборовите на Прандели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот