Официјално: Де Брујнe потпиша нов договор со Манчестер сити

Суперкомпјутерот најголеми шанси за триумф во ЛШ му дава на Манчестер сити/ Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Голем потпис падна денеска на „Етихад“ после вчерашниот прв натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд (2:1).

Кевин Де Брујнe официјално потпиша нов договор со „граѓаните“ кој ќе трае до летото 2025 година.

Иако се шпекулираше дека Белгиецот ќе го напушти Сити, на крајот одлучи да остане верен на клубот со кој е многу блиску да ја освои и третата титула во Премиер лигата.

Претходниот договор му истекуваше во 2023 година, сезонава има учинок од пет голови во 24 настапи.

– Не можам да бидам посреќен. Откако дојдов во овој клуб во 2015 година, се чувствувам како дома. Ги сакам навивачите, моето семејство живее во Манчестер и мојата игра добро се развива. Го играм најдобриот фудбал во кариерата – рече Де Брујнe за клупскиот сајт на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот