Официјално: Жоао Кансело на позајмица во Барселона
Шпанскиот фудбалски клуб Барселона објави дека Жоао Кансело (31) до крајот на оваа сезона ќе игра на позајмица од редовите на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Препорачано
Португалскиот одбранбен играч официјално потпиша за каталонскиот клуб во вторникот на промоција на која присуствуваше и претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
За Кансело ова е враќање во Барса чиј дрес го носеше во текот на сезоната 2023/24 кога дојде од екипата на Манчестер сити.
Неговата статистика во тој период беше 42 настапи од кои 32 во Ла Лига и 10 во Лигата на шампионите запишувајќи четири гола и пет асистенции.
There are places you never forget.
Welcome back to Barça, João 💙❤️ pic.twitter.com/uoA7Gr0Pj9— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 13, 2026
Во текот на својата кариера со тимот на Бенфика стана шампион на Португалија, а по еднаш ги освои националниот Куп, Лига купот и Супер купот.
Први три години во Шпанија ги помина во Валенсија, потоа се пресели во Италија каде настапуваше за милански Интер и Јувентус. Во летото 2019 дојде во Манчестер сити чиј дрес го носеше три ипол години, вклучувајќи позајмици во Баерн Минхен и Барселона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
9час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


