Официјално: Варди потпиша нов договор со Лестер сити

Џејми Варди најверојатно ќе ја заврши кариерата во Лестер сити/Фото: EPA-EFE/Richard Heathcote

Веќе многумина предвидуваат дека Џејми Варди ќе ја заврши професиолната кариера на „Кинг Пауер“ стадионот.

Иако срамежливо се најавуваше дека ова лето 35-годишниот играч би можел да направи трансфер во Манчестер јунајтед, но тоа нема да се реализира.

Денеска Лестер сити потврди дека искусниот напаѓач потпиша нов договор според кој ќе остане во клубот до лето 2024 година.

Стекна статус кога во 2012 година дојде од редовите на нисколигашот Флитвуд, па стигна до дресот на англиската репрезентација и сензационално ја освои Премиер лигата со „лисиците“.

Одигра 387 мечеви во сите натпреварувања, постигна 164 голови и моментно е третопласиран на вечната листа најдобри стрелци на клубот.

Претходно се поврзуваше и со преселба во Арсенал, како и со Тотенхем каде што се споменуваше како можна замена за Хари Кејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот