Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Официјално: Спировски е нов фудбалер на украинскиот Мариупол

Уште во средата од ФФМ информираа дека македонскиот репрезентативец ја продолжува кариерата во Украина, а тоа денеска го потврдија и од клубот.
Мариупол го промовираше новото засилување Стефан Спировски кој ќе ги брани боите на екипата до крајот на оваа сезона.
После осум кола Мариупол во најсилното украинско првенство моментно е на претпоследната 15 позиција со четири бодови, 18 помалку од водечкиот Динамо Киев.
Во својата клупска кариера Спировски играше за Пелистер, Борац, Берое, Вардар со кој трипати беше шампион, а во сезоната 2016/17 беше прогласен за најдобар фудбалер на годината во нашата земја.
Се пресели во Ференцварош со кој стана шампион на Унгарија (2018/19), во 2019/20 беше дел од Хапоел Тел Авив, а лани настапуваше за АЕК Ларнака.
За најдобрата македонска репрезентација досега има 41 настап и еден погодок.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
60мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5