Официјално: Јован Манев на позајмица во Осиек

фото: nk-osijek.hr

Јован Манев до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе игра како позајмица за хрватскиот клуб Осиек.

Тоа го потврдија Хрватите на својот официјален клупски сајт, Манев доаѓа во Осиек од редовите на турската екипа Адана Демирспор.

Моментно 22-годишниот одбранбен фудбалер се подготвува со македонската А репрезентација за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија на 9 септември и против Малта на 12 септември.

Порасна во Брегалница, од каде пред една година замина во Адана, прво како позајмен играч, а потоа и во трансфер од 450.000 илјади евра.

За Адана забележа 15 настапи, а за турскиот клуб играше токму против Осиек во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига.

Милевски повика 29 фудбалери за натпреварите против Италија и Малта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот