Официјално: Гатузо повеќе не е тренер на Валенсија

Фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Легендарниот Џенаро Гатузо од денес и официјално повеќе не е тренер на Валенсија, потврди шпанскиот клуб.

Гатузо се раздели со клубот по состанокот со претседателот Лајхун Чан. На состанокот Гатузо ги претставил своите замисли за засилувања во финишот од преодниот рок, но првиот човек на клубот не можел да вети дека истите ќе бидат исполнети.

Италијанскиот стратег пред се сакаше да му биде доведе играч за врска, се поврзуваше и со нашиот репрезентативец, Аријан Адеми. Сепак, проблемите со финансиите со кои Валенсија се мачи подолго време беа пречка за клубот да доведе засилувања.

Засега нема најави кој би можел да го наследи Гатузо на кормилото на „лилјаците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот