Официјални стартни состави: Јаховиќ од првата минута, Германија ќе напаѓа со Вернер

фото: ФФМ

Двајцата селектори Благоја Милевски и Ханси Флик одлучија со кои 11 имиња ќе го стартуваат вечерва натпреварот (20.45 часот) од квалификациите за пласман на Светското првенство помеѓу Македонија и Германија.

Нашиот селектор Милевски ќе му даде шанса на Јаховиќ да стартува од првата минута во делот на нападот каде што ќе бидат уште Елмас и Чурлинов.

Во средниот ред ќе бидат Костадинов, Николов и Адеми, во одбраната С. Ристовски, Муслиу, Д. Велковски и Алиоски, а Димитриевски на голманската позиција.

Од клупата шанса за настап ќе чекаат Илиев, Шишковски, Тодороски, Ашковски, Ристевски, Трајковски, Атанасов, Зајков, Ракип, Серафимов, Спировски и Миовски.

Германскиот стратег Флик ќе напаѓа со Вернер, зад него се Хаверц, Милер и Гнабри, во средината Кимих и Горецка, во дефанзивниот дел Раум, Керер, Зуле и Клостерман, а Нојер ќе застане меѓу двете стативи.

Замени во германскиот состав се: Лено, Тер Штеген, Шлотербек, Гинтер, Ројс, Мусиала, Нојхаус, Ј. Хофман, Сане, Адејеми и Вирц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот