ОЕЦД: Во развиените земји се затворени 22 милион работни места поради Ковид-19

ОЕЦД, затворени работни места

Околу 22 милиони работни места се затворени во развиените економии поради пандемијата на Ковид-19, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во годишниот извештај на ОЕЦД околу изгледите за вработување, исто така, се наведува дека владините програми за вработување, спроведени во текот на кризата со коронавирусот, зачувале околу 21 милион работни места.

Сепак, богатите нации се соочуваат со закана од долгорочен пораст на стапката на невработеност, бидејќи на многу неквалификувани работници, кои беа раселени поради пандемијата, им е тешко да најдат ново вработување, јави Си Ен Би Си.

– Многу изгубени работни места за време на пандемиската криза нема да закрепнат, изјави Стефан Карсиљо, раководител на Службата за работни места и плати на ОЕЦД, за време на брифингот.

Во мај 2021 година стапката на невработеност во земјите на ОЕЦД се намали на 6,6 проценти, но сепак е најмалку еден процент над нивото пред пандемијата.

Од 22 милиони луѓе кои останале без работа низ економиите на ОЕЦД, осум милиони се невработени, а 14 милиони се сметаат за неактивни.

Експертите на ОЕЦД не очекуваат дека вкупното вработување во земјите-членки на оваа организација ќе се нормализира до третиот квартал на 2023 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот