Одложена и Премиер лигата

Челниците на Фудбалската федерација на Англија (ФА) и на Премиер лигата одлучија да го суспендираат фудбалот поради пандемијата на коронавирусот. Премиер лигата ќе биде во карантин до 4. април.

Оваа одлука доаѓа откако веќе се регистрираа и првите случаи на заразени со коронавирус, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои и тројца неименувани фудбалери на Лестер и на Евертон се позитивни на коронавирус, додека во изолација се наоѓа и дефанзивецот на Манчестер сити, Бенџамин Менди.

Покрај Премиер лигата суспендирани се и натпреварите во второто по квалитет натпреварување во Англија, Чемпионшип лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот