Одблизу со банката-Важни се луѓето!

Со цел да ги воведеме луѓето во работата на една банка, направивме кус информативен прашалник со најчестите прашања поврзани со услугите.

Честа да одговорат ја имаа вработените од Халкбанк АД Скопје, кои на едноставен и приемчив начин ни ја приближија својата работа и комуникацијата со клиентите.

 

1.Како е наједноставно да го воведете клиентот во потребната услуга за подигнување кредит?

Првичната комуникација која ја воспоставувамe со клиентот е особено важна и неопходна за добро да се  разберат неговите потреби и на најдобар можен начин му се овозможи услуга која истите ќе ги задоволи.

Се трудиме преку професионална и непосредна комуникација да му ги објасниме на клиентот начинот, процедурата и чекорите кои ќе бидат потребни за се реализира неговата финансиска потреба.

Притоа, водиме грижа во оваа комуникација да сме отворени, љубезни, прецизни и ориентирани кон советување, а не само кон продавање на нашите услуги. Претпочитаме на таков начин да ги образложиме предностите и условите кои  Халкбанк ги нуди за клиентот, зошто сметаме дека тоа е начинот кој ќе придонесе за воспоставување на долготраен партнерски однос со клиентите.

2.Што значи да се аплицира за кредит и кои се предностите кои вашата банка конкретно ги нуди?

Аплицирање за кредит значи создавање долгогодишен партнер од доверба, кој ќе ве следи во исполнување на вашите финансиски планови во иднина. Банката нуди разновидни кредитни производи во зависност од  потребата на клиентот во моментот на аплицирање. Како големи предности би ги издвоиле брзината и едноставноста во процесот на аплицирање како и флексибилноста на  Банката низ целиот процес на одобрување на кредитното барање и понатамошната соработка.

3.Вашата позиција во банката е да сте секогаш информирани за сите новитети што ги нудите. Кои се најчестите прашања поврзани со кредитните услуги?

Прашањата варираат во зависност од кредитниот производ за кој клиентот е заинтересиран. Најчесто, клиентите сакаат да бидат подетално информирани околу процесот, времето на одобрување, износот кој би им се одобрил и сл. Понатаму, како најчесто поставени прашања би можеле да одвоиме:

Дали рефинансирате кредити од други Банки?

Кој документи се потребни за да се аплицира за кредит ?

За колку време од поднесување на барањето ќе добијам одговор  ?

Колкав е максималниот износ кој можете да ми го одобрите за Потрошувачки кредит?

Kолку месеци треба да сум со статус редовно вработен за да аплицирам за кредит?

Дали можам да го затворам постоечкиот Потрошувачки кредит и да аплицирам за нов? 

Дали имам надомест за предвремено затварање на кредитот?

Дали мора прво да ја префрлам платата во Халк Банка па да аплицирам за кредит?

Како еден осврт на најчестите дилеми и прашања на клиентите, би сакале да дадеме еден комплетен одговор со цел да ги доближиме нашите производи до самите корисници. Потребната документација за аплицирање за кредит главно се состои од неколку стандардизирани документи кои барателот треба да ги обезбеди со цел обезбедување на подетални информации за себе и за својата кредитна способност. На тој начин нашиот референт може подобро да го запознае клиентот и следствено да одговори на неговите потреби. Во врска со одредувањето на максималниот износ за кој клиентот може да аплицира и пресметка на месечната рата, на веб страната на Халкбанк поставени се калкулатори за пресметка на рата, како и онлајн апликации со кои при внесување на месечните примања се врши пресметка на максималниот износ за кој клиентот може да аплицира. Сепак важна и неизбежна е консултацијата со референтот за кредитирање, со цел одредување на вистинскиот пакет на производи кои му се потребни на клиентот, а потоа и одредување на точниот износ за кој клиентот може да аплицира, сето тоа по извршена анализа на кредитната историја на клиентот, неговата моментална задолженост и кредитна способност. Согласно потребите на клиентот овозможуваме и рефинансирање на кредитна изложеност во друга банка. Времето потребно за одобрување на барањето зависи од временскиот период кој му е потребен на клиентот за обезбедување на целокупната документација. За подетални прашања и нејаснотии би ги охрабриле сите заинтересирани да стапат во контакт со нашите референти за кредитирање чиишто броеви се достапни на нашата веб страна, односно на следниот линк.

4.Мотото на вашата банка е „Важни се луѓето“. Колку ви е важно комуникацијата да биде професионална, но истовремено и блиска до вашите клиенти?

Нашето мото најдобро прикажува дека во приоритетите на банката се луѓето.  Токму затоа, покрај професионалната комуникација која е неминовна, многу е важно да се создаде чувство  на взаемна доверба за да се започне долгогодишна соработка. Клиентите се  обраќаат во Банката за да ги доверат своите заштеди, да се посоветуваат за своите финансиски постапки. Не би било возможно да го најдете најдоброто решение доколку немате развиено блиска комуникација преку  „отворени карти на маса” .

Со луѓето со кои соработуваме, кои ги опслужуваме, градиме партнерски, пријателски односи. Преку добрата и квалитетна услуга ја оддаваме важноста на луѓето за кои постоиме. А воедно, преку општествено одговорните проекти, нашата идеологија ја пренесуваме и на целокупното општество во кое припаѓаме како институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот