Одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Аушвиц предизвика општ хаос во Ерусалим (ФОТО)

Фото: EPA/JIM HOLLANDER

Патот кој води кон Тел Авив беше затворен од 7 до 9 часот утринава поради доаѓањето на државници како Владимир Путин и Мајк Пенс, а уште еден проблем претставува и големиот број на полицајци на улиците од градот.

Граѓаните на Ерусалим денес се борат со сообраќаен хаос и засилени мерки за безбедност, поради големиот собир кој се одржува во овој израелски град.

На собирот присуствуваат 47 делегации на претседатели, премиер, кралеви, принцови.

Ова е еден од најголемите настани кои некогаш се одржувал во Израел, со кој е одбележува 75 години од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц, предизвика големи застои во сообраќајот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Патот кој води кон Тел Авив беше затворен од 7 до 9 часот утринава поради доаѓањето на државници како Владимир Путин и Мајк Пенс, а уште еден проблем претставува и големиот број на полицајци на улиците од градот.

За обезбедувањето на 47-те странски делегации задолжени се 10.000 полицајци, што е третина од вкупниот број на полицајци во Израел и тие ќе бидат распоредени низ целиот град.

Освен патот кон Тел Авив, до 10 часот за сообраќај беа затворени сите пристапи до градот, како и делови од центарот, додека централните градски улици ќе бидат затворени во поголемиот дел од денот.

Собирот ќе почне во попладневните часови, а исто така на сила ќе биде и забрана за користење на воздушниот простор за авиони и дронови над градот.

По собирот во вечерните часови, граѓаните исто така ги очекува иста ситуација, кога државниците ќе започнат да си заминуваат.

Според зборовите на шефот на полицијата, денешниот собир е еден од најголемите и најкомплексните безбедносни операции во историјата на Израел.

Освен полицајци, светските лидери додека го разгледуваат Западниот брег, ќе бидат заштитени и од израелските одбранбени сили, особено рускиот претседател Владимир Путин и британскиот принц Чарлс, кои ќе се состанат со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Одбранбените сили истовремено распоредија дополнителни антиракетни системи, поради стравувањата дека бунтовниците од Газа би можеле да истрелаат ракети кон Израел, за да му посметаат на собирот.

Како што се наведува, рускиот претседател Владимир Путин е единствениот светски лидер чие патување во Израел се смета за билатерална посета, бидејќи ќе има и официјални средби со израелскиот претседател и премиер, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот