Од Велика Британија во Албанија депортирани 42 албански државјани, голем број од нив криминалци

мигранти на ламанш
Полиција на каналот Ламанш / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Од Велика Британија во Албанија попладнево депортирани беа 42 албански државјани, кои илегално влегле на британска територија или се осудени за криминални активности.

„Меѓу депортираните се 32 криминалци осудени на вкупно 89 години затвор за разни кривични дела, вклучително и трговија со дрога и помагање за илегален влез во земјата. Ова е четврт лет за нешто повеќе од еден месец со кој се депортираат Албанци. Во ноември, прекршителите на британските закони, на кои им беше изречена вкупна затворска казна од повеќе од 24 години, беа меѓу 26-те Албанци вратени дома“, јави Топ чанел.

И пред нешто повеќе од една недела, 11 Албанци беа депортирани од Велика Британија во Тирана.

Според британските надлежни органи, во периодот јануари-октомври годинава, најмалку 12.000 албански државјани, со гумени чамци, илегално влегле во земјата преку каналот Ла Манш.

Пред две години таа цифра беше само 50, а лани – 800 албански државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот