Од утре пониски температури, врнежи од дожд и снег на повисоките места

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Повремени врнежи од дожд, кои локално на западот ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места повремен снег, и засилен северозападен ветер, најавуваат за утре метеоролозите.

Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.

Утре попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието, кој ќе се задржи до четврток претпладне и ќе услови опаѓање на температурата. Од четврток до недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.

Дневната температура утре ќе се движи од три до 13 степени, задутре од пет до 11 степени, петок од осум до 13, сабота од 12 до 18 степени, недела од 11 до 17 степени,а в понеделник од 8 до 14 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот