Од почетокот на епидемијата, Франција со најнизок број смртни случаи до сега

Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 80 смртни случаи, што е најнизок дневен биланс од почетокот на епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Иако ова е најнискиот број на смртни случаи од почетокот на април, сепак, вкупниот број од 1 март достигна 26 310.

Притисокот врз здравствениот систем и посебно врз одделенијата за реанимација продолжува да се намалува. Така, бројот на тешки случаи изнесува 2.812, кои се на интензивна нега, додека 22. 614 лица се на болничко лекување со дијагноза на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот