Зоран Росоманов, зетот на македонската фолк-легенда Виолета Томовска почина од последици на ковид-19.

За сопругата на Зоран, Невенка, е испеана легендарната песна „Македонско девојче“. Таа му била инспирација на Јонче Христовски да ја напише песната уште кога го славела првиот роденден.

Пред четири години, за 50-от роденден на Невенка, Зоран организирал да се направи римејк на песната, која ја исполнија Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ.
Да се потсетиме како звучи: