Од коронавирус почина последниот маж од бразилското племе Јума

Instagram
принтскрин

Почина последниот маж член на бразилското племе Јума, кое беше жртва на големите плантажери за гуми и властите на Бразил кои во последните децении му ја одзедоа земјата на ова племе, пренесува „Telegraph.uk“.

Нашата лоза згасна“, изјави Бореха Јума за медиумите откако нејзиниот татко Арука почина од компликации предизвикани од коронавирусот.

Домородните племиња се особено загрозени од ширењето на коронавирусот поради нивниот начин на живот.

Трагична судбина на племето Јума

Арука Јума, кој за време на неговата смрт имал помеѓу 86 и 90 години, беше единствениот останат маж од домородното бразилско племе кое броело 15.000 членови, но по десетина години геноцид племето беше сведено само на пет члена – Арука, неговите три ќерки и внуци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bioethic (@bio_ethic)

Големите плантажери кои сакале повеќе земјиште за своите насади, довеле до тоа некогашното големо племе да остане без својата земја, а секој кој ќе се спротивставил бил мета на воорушени платеници на плантажерите кои брутално ги убивале домородците.

Последниот удар, сепак, се случил во 60-тите години на минатиот век. Арука тогаш преживеал, но во масакарот организиран од трговци со гума и тропски ореви шеесет членови на племето биле убиени и само седум луѓе преживеале. На крајот, останало само неговото семејство.

EPA-EFE/Joedson Alves

Сакам да се борам како татко ми“, вели ќерката на Арука, Бореха, велејќи дека сега нивната лоза згаснува со смртта на нејзиниот татко.

Сепак, Бореха вели дека нејзиниот татко бил вистински борец и дека сака да ги следи неговите стапки.

Арука се бореше со децении да го признае своето право на земјиштето на Јума, во сливот на Амазон, но неговите напори беа попречени од недостатокот на други мажи од Јума и одлуката на семејството да се пресели во друго племе „Уру-еу-вау-вау“ каде подоцна се омажила неговата ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот