Од коронавирус пoчина поранешниот француски министер Патрик Девеџијан

Патрик Девеџијан беше оженет и татко на четири деца. 

 Патрик Девеџијан, претседател на департманскиот совет на Горна Сена и поранешен француски министер, почина на 75 години. Тој беше хоспитализиран од средата и е прв француски политичар кој почина од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Поранешниот министер на 26 март објави дека има коронавирус. – Јас сум погоден од епидемијата, затоа можам да посведочам директно за исклучителната работа на лекарите и целиот медицински персонал. Испраќам многу голема благодарност за нивната постојана помош на сите болни, напиша тогаш на Твитер.

Тој беше министер под претседателство на Жак Ширак и Никола Саркози. Адвокат по професија, поранешен пратеник за 13-та изборна единица на Горна Сена од 1986 до 2017 година. Исто така беше портпарол на РПР од 1999 до 2001 година и генерален секретар на УМП од 2007 до 2008 година.

Патрик Девеџијан беше оженет и татко на четири деца. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот