Од еден богаташ до друг: Екс-сопругата на Абрамовиќ викендов се мажи

Профимедиа

Екс сопругата на рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, преубавата Дарија Жукова викендов ќе му каже „да“ на гркиот богаташ Ставрос Ниаркос.

Елитната венчавка ќе се одржи во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц.

Русинката судбоносното „да“ ќе го изговори пред 300 гости од светот на шоу-бизнисот, спортот, културата и политиката.

Свадбата ќе се одржи во простран шатор во кој можат да се сместат 300 луѓе, а сите гости ќе бидат сместени во луксузен хотел недалеку од шаторот.

Даша Жукова пред три години се разведе од Роман Абрамовиќ со кого има две деца. Во брак биле десет години, а петнаесет години помладата Дарија, ќерка на руски магнат, му била трета сопруга на Абрамовиќ.

Дарија и Ставрос се познаваат неколку години и прво биле пријатели, а потоа нивното пријателство прераснало во врска.

Ставрос потекнува од богато грчко семејство на грчки бродоградители, а само уметничката збирка на неговиот татко се проценува на преку две милијарди долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот