Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“

Фото: МИА

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.

– Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП Иван Пешевски.

Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот